Tinekr Labs летниот камп е специјално дизајнирана летна програма со цел да им овозможи на децата многу забава и неформално учење за време на училишните одмори. Децата ќе уживаат во авантурите на Мари, Леонарда и Никола преку посебен еднонеделен курс кој се состои од 15 училишни часови во текот на 5 работни дена, наутро или попладне. Совршена можност за запознавање со СТЕАМ едукацијата или за продолжување на учењето со деца кои веќе се заинтересирани и навлезени во светот на науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката.