Врвот во СТЕАМ патувањето
За тинејџери од 12 – 16 години


TINKER VERSE
Ова е наша четврта програма и кулминација на СТЕАМ патувањето преку истражување и експериментирање. Програмата Tinker Verse е дизајнирана како функционална лабораторија. Земајќи ги предвид алатките и методите што ги користеле досега, учениците во оваа програма ќе направат свои прототипови што ќе им помогне да создадат свои проекти и да користат понапредни технологии за правење модели и шеми. Сето тоа учениците го создаваат во нашите современи училници, кои ги инспирираат на иновативно и креативно размислување.
- • Часовите се одржуваат еднаш неделно
- • Работните тетратки содржат повеќе енциклопедиски знаења и клучни концепти
- • Работните тетратки се дизајнирани да го стават фокусот на учениците во решавањето проблеми
- • Повеќе слобода во креирање на свои проекти и користење алатки во лабораторија со надзор на наставниците
- • Презентација на сопствен проект на саемот Tinker Fair
- • Учење за претприемништво - како да дизајнирате, креирате, пласирате и презентирате производ на пазарот
УЧЕБНИЦИ

TINKER VERSE

АСТРОФИЗИКА

ДИЗАЈНИРАЊЕ НА ПРОТОТИПОВИ

МИКРОБИОЛОГИЈА

ГРАФИЧКО ЦРТАЊЕ

РОБОТИКА

ХЕМИЈА

МАТЕМАТИКА

ТЕХНОЛОГИЈА
TINKER VERSE PLUS за тинејџери од 12 – 16 години
Оваа е многу напредна и комплексна програма, која има две верзии, и тоа за наши ученици кои предходно посетувале Tinker Labs едукација и за нови ученици. Програмата продолжува да го продлабочува знаењето во СТЕАМ едукацијата, но исто така им овозможува на учениците слобода да дизајнираат свои проекти. Во оваа програма еден од главните фокуси ни е развивање кај учениците способност за тимска работа и комуникациски вештини, со цел решавање на проблеми и развој на проектите до креирање финален производ. Исто така, овде работиме на развој на презентациските вештини на учениците, за да стекнат способност и самодоверба за презентирање на своите идеи и проекти на останатите.
