Историско и географско разбирање на светот, со интегрирани СТЕАМ проекти
За деца од 10 – 12 години


TINKER WORLD
Програмата Tinker World е наменета за поголеми деца на училишна возраст ( 10 -12год.) во која тие преку иновативната Tinker Labs методологија се запознаваат со предметите и темите од СТЕАМ спектарот, притоа добивајќи историско-географски контекст за научниците кои се одговорни за некои од најважните СТЕАМ достигнувања. Целта на оваа програма е откако учениците ќе стекнат функционално знаење и ги разберат СТЕАМ концептите, подготвени да навлезат подлабоко во концептите што ги научиле досега и да научат за ликовите и културите што биле влијателни во светската историја и науката. Оваа програма може да се понуди како продолжителна програма за ученици кои присуствувале на Tinker Town Plus или како почетна програма за нови ученици.
- • Часовите се одржуваат еднаш неделно
- • 4 специјално дизајнирани книги (по 1 за секоја единица од по 10 недели) и ранец
- • Инфографици на секоја опфатената тема, кои содржат повеќе енциклопедиски информации со резиме на сите клучни концепти
- • Вклучени се настани од историјата на науката, информации за пронаоѓачи, уметници и светски лидери.
- • Интересни пиктографски задачи
- • Дидактички материјали за учење, специјално дизајнирани за секоја единица
- • Комплексни проекти што учениците ги создаваат на час и можат да ги однесат дома за да го продолжат процесот на учење
- • Над 150 експерименти и испитувања
КНИГИ

TINKER WORLD

НАУЧНИ ИЗУМИ

БИНАРЕН СИСТЕМ

ХИДРАУЛИКА И ПНЕУМАТИКА

ХЕМИЈА

ФИЗИКА

БИОЛОГИЈА

МАТЕМАТИКА

ТЕХНОЛОГИЈА
TINKER WORLD PLUSнапредена програма за деца 10 – 12 год
Tinker World Plus е напреден програм за ученици кои го имаат поминато Tinker World, Концептот е ист како Tinker World, каде учениците ги следат авантурите на своите пријатели Мари, Леонард и Никола низ просторот и времето за да дознаат уште повеќе за научниците, пронаоѓачите, инженерите и значајни ликови, настани и изуми од науката и технологијата. Покрај тоа, тие ќе ги анализираат некои од ликовите што ги запознале во нивните авантури во претходните години за подобро разбирање на претходно научените концепти и идеи, сето тоа низ процес на експериментирање, креирање и игра.
