ФРАНШИЗА - Tinker Labs

Како да станеш Tinker Labs франшизер?

Ви благодариме за интересот за Tinker Labs франшизата. Сега, кога ги прочитавте сите информации на нашата веб-страница, се надеваме дека имате појасна слика за длабочината и обемот што ги нуди Tinker Labs франшизниот модел“. Останува едно прашање: Дали можете да се замислите како сопственик на Tinker Labs училишен центар во вашиот град?

Често поставувани прашања (FAQ)

Моментало Tinker Labs франшизата е достапна во Хрватска, Унгарија, Србија, Македонија, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Мастер Франшизер е национален франшизер кој е одговорен за развој на франшизната мрежа низ цела држава, како и давање на бизнис, административна и маркетинг поддршка на сите франшизни центри во соодветната државата. 

Доколку во вашиот град или општина сеуште нема Tinker Labs училишен центар, оваа е одлична можност да станете Tinker Labs франшизери и да добите есклузивно право да отворите сопствен Tinker Labs училишен центар во вашиот град или општина. За повеќе информации пополнете го образецот подолу, нашиот тим ќе ве контактира во најскоро време, за да закажеме детален. разговор.

Не. Ние бараме амбициозни и енергични луѓе кои сакаат да се посветат на развивање на училишниот центар, како и да овозможат квалитетна едукација на децата во својот град. Кандидатие кои имаат допир со едукацијата на деца имаат предност.

Со самиот факт дека влегувате во бизнис со франшизн бизнис модел, вие започнувате бизнис во веќе развиен бренд. Убавината на овој модел е во тоа што вие во исто време сте сопственик на својот бизнис, но никогаш не сте сами и оставени сами на себе. Франшизата ви дава поддршка во секој аспект од растот и развојот на бизнисот. Ви нудиме бизнис обуки, обуки за учители и франшизери, наставни материјали и планови, брендирани производи, маркетинг материјали и специјално дизајнирани маркетинг алатки и стратегии, информатички систем, како и голема поддршка од целата франшизна мрежа преку споделување на искуство, знаење и најдобри практики.

Што нудиме

Шест придобивки што можат да ви помогнат да успеете како Tinker Labs франшизер на училишен центар
 
ПОСТОЈАНА ПОДДРШКА

Постојана бизнис и административна  поддршка за започнување и развој на училишните центри.

 
TINKER LABS брендот

Почуствувајте ја моќта да работите со веќе развиен и позициониран бренд. Маркетинг алатки, национални кампањи и готови промотивни материјали се само дел од маркетинг  поддршката што ја добивата работејќи во нашата франшизна мрежа

СЕРТИФИЦИРАНИ ОБУКИ

За постојан раст и развој на Tinker Labs училишните центри, како  и за учителите, нудиме постојани обуки, како од бизнис аспект, така и од педагошки аспект. Постојано инвестираме во едукацијата на нашите франшизери и вработени, за да задржиме континуитет во квалитетот и да воведуваме иновации во работењето.

АНАЛИЗА НА ТЕРИТОРИЈАТА

Ви помагаме при избор на локација, дизајнирање на училишниот простор и детален план и стратегија за упис на нови ученици во вашиот Tinker Labs центар.

 
ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМ

Пристап до сите дигитални материјали за преземање (за педагошки, маркетинг и административни материјали) преку безбеден централен систем за управување со информации.

БРЕНДИРАНИ ПРОИЗВОДИ

Лесно достапни учебници, книги, дидактички материјали, вклучително и проекти за работа дома, реквизити и модели за работа во училницата и сите други алатки и предмети потребни за опремување на центарот.

Стани франшизер

Контактирајте не за повеќе информации

    Процес на пријавување

    1.ЧЕКОР – контактирајте не

    Испратете ни информации за вашата локација и зошто сакате да отворите сопствен Tinker Labs центар.

    2.ЧЕКОР – Информирајте се

    Откако ќе не контактирате, ние ќе ви испратиме брошура со детални информации за нашите програми и франшизен бизнис модел.

    3.ЧЕКОР – договорете бизнис состанок

    За да се запознаете одблику со брендот, бизнис моделот и начинот на функционирање, закажуваме состанок на кој ќе бидете запознаени со сите аспекти на отварање и водење Tinker Labs училишен центар.