ШТО ПРАВИМЕ - Tinker Labs

ИГРА – СТРАСТ – ЦЕЛ

СТЕМ и СТЕАМ образованието е нов и модерен образовен концепт кој ветува многу во однос на предизвикот за стекнување на нови интелектуални вештини и функционално знаење за конкурентност и компетативност за професиите на иднината.  Но, што точно означува СТЕМ и/или СТЕАМ едукацијата и што овозможува?

СТЕМ едукативниот спектар  се состои од 4 предмети ( наука, технологија, инжинерство и математика) како и сите нивни поткатегории. Сепак, сметаме дека вклучувањето на уметноста во СТЕМ моделот правејќи го СТЕАМ е неопходно. Уметноста го обезбедува клучниот елемент во процесот на иновативно размислување што се одвива холистички во умот. Кога станува збор за овој вид размислување, децата се генијалци затоа што сè уште не започнале да ги класифицираат феномените во одредени дисциплини. Зошто да одделиме клучен дел од процесот за тоа како го доживуваме светот (уметнички) од образовниот пристап дизајниран како мета-дисциплина што ги поместува границите на креативноста?

Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со уникатниот Tinker Labs метод и пристап на учење, создаваат извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелктуален и социо – емоционален развој кај децата.

Во Tinker Labs, развивме уникатни програми за деца на возраст од 4-16 години, базирани на нашиот иновативен едукативен концепт, кои се дизајнирани да го збогатат и надополнат  образованието на децата. Нашата цел не е да ги научиме децата само на тоа што треба да знаат за да поминат класичните тестови, туку да ја разбудиме нивната вродена љубопитност и креативност и да ги инспирираме да ги откријат своите страсти и таленти, како и да го реализираат својот интелектуален потенцијал.