За нас - Tinker Labs
tinker-labs-o-nama
about-us_section_01_1

Добро дојдовте во Tinker Labs

Tinker Labs е иновативен едукативен концепт за STEAM едукација, кој вклучува истражувања, експерименти и работа на реални проекти во сите областите од науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката, како и развој на функционално знаење и интелектуални вештини потребни за идниот успех на секое дете.

Види видео

cloud_1
0

Програми

0

ученици во група

0

теми во секоја школска година

0

експерименти во секоја школска година

0

СТЕАМ поими

Tinker Labs развој и резултати

Предизвик Asset 11

Истражување Asset 12

Решение Asset 13

Вредности Asset 14

Соочени со ситуацијата на образовниот систем кој сè уште не ги задоволува потребите на модерната настава, дизајниравме програми што ги воведуваат учениците во светот на науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката. Создадовме модерен и функционален едукативен систем кој им овозможува на децата да стекнат функционално знаење и интелектуални вештини, кои ќе им користат во сите сфери од животот.

  • Детската природна љубопитност сеуште не е стимулирана и негувана во традициналниот образовен систем
  • Индивидуалниот пристап и работата во мали групи му овозможува на секое дете да го открие и развие својот потенцијал, како и да се интересира за професиите на иднината.

Tinker Labs едукативниот систем е развиен на база на долгодишно истражување и развој, зимајќи ги во предвид сите недостатоци на стандардното училишно образование. Во процесот на истрашување и развој беа вклучени голем број на педагошки научници и експерти, со цел да се создаде уникатен едукативен концепт, кој ќе им овозможи на децата квалитетно образование, стекнување на функционално и применето знаење, како и развој на интелектуални вештини.

  • Врз основа на истражувањата, првата Tinker Labs пилот програма беше лансирана во 2016 година, со што се докажа дека СТЕАМ едукацијата на децата, преку нашиот иновативен метод, во кој се интегрирани напредни техники и пристапи за едуцирање, носи одлични резултати и е клучно за воведување на децата во магичниот свет на науката и технологијата.

Исклучително позитивните резултати од пилот програмата по првата учебна година во Tinker Labs ни докажаа дека потенцијалот за учење преку  Tinker Labs методот е огромен и дека и учениците и родителите беа исклучително задоволни од позитивниот ефект што го остави учењето во Tinker Labs врз детето самодоверба.

  • Квалитетното СТЕАМ образование има долгорочни придобивки врз децата и го обликува нивниот афинитет кон различните науки и нивната примена во секојдневниот живот.

Нашите ученици преку Tinker Labs методот и едукацијата развиваат значајни интелектуални и мозочни вештини. Децата стекнуваат способност за критички пристап кон решавање на одредени проблеми и задачи, наоѓање на креативни решенија и иновативност

  • Ги учиме децата како преку интегриран пристап да разгледуваат и освојуваат одредена тема од СТЕАМ едукацијата, како да истражуваат, анализираат, планираат и да доаѓаат до креативни решенија.
  • Ги учииме децата како своето знаење да го прошират надвор од границите на стандардните школски предмети.
  • Ги учиме децата како да работат во тимови, како да стекнат комуникациски вештини и како своите идеи да ги презентираат на останатите.
cloud_2

Родителите за Tinker Labs

За нас е особено важно мислењето на сите родители кои одлучиле на своето дете да му овозможат извонредно едукативно искуство преку Tinker Labs едукацијата.

ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ TINKER LABS?

Tinker Labs создава позитивно академско опкружување кое ја стимулира креативноста, самодовербата и упорноста на децата.

СТЕАМ

Интердисциплинарен пристап на учење, преку работа на реални проекти од областа на науката, технологијата, инжинерството, ументноста и математиката.

ИНОВАТИВНОСТ

Специјално дизајнирани уникатни педагошки проекти, учебници и дидактички материјали, создадени да го инспирираат ЕУРЕКА! моментот кај децата.

УЧЕБНИЦИ

Секоја програма содржи по четири учебници кои содржат многу енциклопедиско знаење и забавни активности.

СЕРТИФИЦИРАНИ УЧИТЕЛИ

Високо едуцирани и специјално обучени учители за работа со Tinker Labs едукативниот концепт.

МАТЕРИЈАЛИ

Модерни и интерактивни учебници, кои го прават учењето возбудливо искуство.

МОДЕРНИ УЧИЛНИЦИ

Модуларни простории кои го поттикнуваат креативното размислување и тимската работа.