Кои сме ние - Tinker Labs

Нашата приказна

Нашата приказна започнува во 2012 година кога нашиот основач Алан и неговата сопруга Тијана се преселија од New York во Хрватска со нивната тригодишна ќерка Адријана и започнаа свој бизнис како франшизери на училиште за англиски јазик. Откако успешно го водеа својот бизнис четири години, по долго планирање и истражување, тие одлучија да дизајнираат сопствен систем на франшиза за да ја пополнат голема дупка и потреба за СТЕАМ едукација на пазарот. Во 2016 година, Tinker Labs ги отворија своите врати на првиот центар во Осиjek, Хрватска.

По долгогодишно обемно истражување на различни светски образовни системи, забележавме дека не постои заеднички стандард во сите институционални образовни системи: сите тие го делат знаењето во различни категории кои подоцна се изучуваат како независни училишни предмети. Исто така, забележавме дека вродената љубопитност и креатибност на децата да го истражуваат светот околу нив ќе биде подобро поттикната и негувана доколку децата имаат простор во кој можат слободно да истражуваат, да учат и да поставуваат прашања за феномените што ги интересираат најмногу. Ние ја разбираме важноста и потребата од учење на поедноставни до посложени концепти (мора да научиме математика и физика ако сакаме да изградиме мост). Поради тоа развивме едукативен концепт кој ја следи детската природа и начинот на кој децата учат и ги осознаваат концептите, притоа давајќи им голема слобода за креативно размислување, стимулирање на љубопитноста, слобода во изразувањето, методи на истражување и планирање (замислете, на нашите часови му даваме  на детето да гради вистински мост преку активно учење, истражување, планирање, многу обиди и грешки, но сето тоа базирано врз законите на математиката и физиката). За таа цел, дизајниравме едукативен концепт со многу интересни програми кои служат како метафорички мост помеѓу природниот афинитет на детето за игра и структурните барања на традиционалниот образовен систем.

„Мислам дека една од моите најголеми амбиции како родител е токму преку квалитетна едукација, да ги изложам моите деца на сите можни насоки и професии што можат еден ден да ги изберат, со што ќе им овозможам да најдат каде лежи нивната страст и да работат на своите страсти и таленти.
Алан Мате Орлич
Основач и директор

Нашиот тим

Во нашиот тим работат професионалци, амбициозни и посветени луѓе, докажани во својата област. Од самиот почеток, па до сега нашиот тим постојано се шири, вклучувајќи педагошки научници и развивачи на програми, учители, програмери, дизајнери и администратори, со цел да овозможиме постојан развој, поддршка и надоградба како на франшизната мрежа, така и на едукативните програми.