Отвори сопствен Tinker Labs училишен центар во својот град
Запознајте се со Tinker Labs едукативната франшизаTinker Labs едукативната...
Tinker Labs едукацијата е базирана на иновативен едукативен концепт, преку кој децата на забавен начин, преку практично и искуствено учење, специјално дизајнирани интерактивни игри и активности, вежби за размислување и решавање на проблеми, стекнуваат функционално знаење и интелектуални вештини. Нашата цел е да обезбедиме инспиративен простор и креативна работна атмосфера на часовите, каде што децата можат да ги користат своите раце и ум за да создаваат и градат различни нешта.
Tinker Labs создава позитивно академско опкружување кое ја стимулира креативноста, самодовербата и упорноста на децата.
Интердисциплинарен пристап на учење, преку работа на реални проекти од областа на науката, технологијата, инжинерството, ументноста и математиката.
Специјално дизајнирани уникатни педагошки проекти, учебници и дидактички материјали, создадени да го инспирираат ЕУРЕКА! моментот кај децата.
Секоја програма содржи по четири учебници кои содржат многу енциклопедиско знаење и забавни активности.
Високо едуцирани и специјално обучени учители за работа со Tinker Labs едукативниот концепт.
Модерни и интерактивни учебници, кои го прават учењето возбудливо искуство.
Модуларни простории кои го поттикнуваат креативното размислување и тимската работа.
Самостојна работа
Учење преку реални проекти
Најмногу до 10 ученици
За нас е особено важно мислењето на сите родители кои одлучиле на своето дете да му овозможат извонредно едукативно искуство преку Tinker Labs едукацијата.
За нас е особено важно мислењето на сите родители кои одлучиле на своето дете да му овозможат извонредно едукативно искуство преку Tinker Labs едукацијата.
„Самодоверба и мотивација!“
„Мојата ќерка стекна самодоверба да поставува прашања на најразлични теми: за универзумот и ѕвездите, за силата и триењето и математика, додека правиме секојдневни активности. Пример додека шетаме во парк или одиме во продавница, таа почна различно да ја перципира природата и светот околу неа, поставувајќи безброј интересни и паметни прашања. Среќна сум што преку Tinker Labs едукацијата таа е мотивирана да ја развие својата љубопотност и да ја негува.!“
„Воодушевена сум“
„Слушнав како моите две деца зборуваат за пловидба додека се капеа во када - тие коментираа како густината на супстанцијата влијае врз тоа дали телото ќе плови или тоне - бидејќи тие имаат само 4 и 5 години, јас бев воодушевена кога ги слушнав!
„Тато, сакам да станам инженер!
„Мојот син истрча од училницата по еден од Tinker Labs часовите, многу возбуден, затоа што сакаше да ми ја покаже кулата што ја изградил. На пат кон дома, тој возбудено изјави дека веќе знае што сака да биде кога ќе порасне “
„Учебниците навистина помагаат во обликување на наученото“
„Ќерка ми често сака да ги прелистува своите учебници од Tinker Labs и да им ги покажува на своите пријатели сите интересни теми и проекти за кои научила .
„Одлични едукативни материјали“
„На одмор со нас моравме да ја земеме вагата што ќерка ми ја изработи на еден Tinker Labs час, бидејќи не сакаше да излезе од дома без неа. Таа навистина помогна да се развие нејзината страст кон математиката “.
Запознајте се со Tinker Labs едукативната франшизаTinker Labs едукативната...