Основа на СТЕАМ концептот
За деца на возраст од 7 – 10 години


TINKER TOWN
Tinker Town е воведна програма за школски деца на возраст од 7 – 10 години. Идејата на оваа програма е да ги поставиме темелите за разбирање на главните концепти и теми од СТЕАМ едукацијата. Во оваа програма особено сме фокусирани на развој на интелектуалните вештини на децата, да развијат љубов кон учењето, да научат како да учат, како да истражуваат, размислуваат, анализираат, планираат и донесуваат правилни одлуки. За таа цел, за да ги водиме децата искуствено низ темите и концептите кои треба да ги усвојат, создадовме цел алтернативен свет, низ кој ученикот патува преку експериментирање и истражување. Tinker Town ја проширува приказната за Мари и нејзиното нуклеарно семејство. Оваа програма ги следи авантурите на нејзината сестра Леонарда и пријателот Николас кои ги прошируваат своите хоризонти и запознаваат луѓе и занимања потребни за еден мал град успешно да функционира.
- • Часовите се одржуваат еднаш неделно
- • 4 специјално дизајнирани книги (по 1 за секоја единица од по 10 недели) и ранец.
- • Работните тетратки ја следат приказната за Леонарда и Никола, најдобри пријатели кои го истражуваат градот во кој живеат и откриваат кои занимања бараат СТЕАМ едукација.
- • Работните тетратки ја започнуваат секоја нова лекција во форма на инфографик за темата што се истражува и резиме на клучните концепти
- • Работните тетратки содржат и пиктографски задачи - кои имаат за цел да го задржат „еурека моментот“од наставата
- • Дидактички реквизити за учење, специјално дизајнирани за секоја наставна единица
- • Истражувачки проекти што учениците ги создаваат на час и можат да ги однесат дома за да го продолжат процесот на учење
- • Извештаи за напредокот на родителите
- • Над 150 истражувања, експерименти и проекти
КНИГИ

TINKER TOWN

ФИЗИКА

ХЕМИЈА

МАТЕМАТИКА

ЕЛЕКТРОНИКА

БИОЛОГИЈА

АСТРОЛОГИЈА

АЕРОДИНАМИКА

ГЕОЛОГИЈА
TINKER TOWN PLUSза деца од школска возраст од 7 – 10 години
Оваа програма е напредна програма, која може да ја посетуваат само ученици кои веќе ја поминале Tinker Town програмата. Во оваа програма продолжуваме со приказните за Мари, Леонарда и Никола, ликови кои ги среќаваме и во Tinker Tots. По стекнување на темелно разбирање на концептите што се појавуваат во STEAM едукацијата, преку Tinker Tots и Tinker Town програмите, Tinker Town Plus програмата е дизајнирана да ги продлабочи темите опфатени во претходната година и да го изостри критичкото размислување со воведување на покомплексни теми.
