Tinker Labs

Tinker Garden

За возраст од 3 до 4 години

Tinker Garden е најновата програма од серијата програми на Tinker Labs. Оваа програма ги запознава децата со светот околу нив преку прашања на кои дури и родителите често не можат да дадат практични одговори. Нашите групи се состојат од максимум 10 ученици, но групите за Tinker Garden ќе имаат до 8 ученици. Приказната го следи момчето Дилан кој го истражува светот околу него.

 

Во текот на учебната година одговараме на прашања како што се:

  • Зошто небото е сино?
  • Што го тера светот да се врти?
  • Како летаат авионите?

 

Покрај експерименталните задачи ќе има и говорна терапија и графомоторни вежби. Оваа програма овозможува незаборавно искуство и за децата и за родителите, бидејќи ги охрабруваме и родителите да учествуваат на часови со своите деца, со цел покрај знаењето да развијат и меѓусебен однос.

STEAM темите содржат 40 лекции и опфаќаат повеќе од 120 експерименти.

Пријавете се за
бесплатен демо час!