Tinker World Plus е напреден програм за ученици кои го имаат поминато Tinker World, Концептот е ист како Tinker World, каде учениците ги следат авантурите на своите пријатели Мари, Леонард и Никола низ просторот и времето за да дознаат уште повеќе за научниците, пронаоѓачите, инженерите и значајни ликови, настани и изуми од науката и технологијата. Покрај тоа, тие ќе ги анализираат некои од ликовите што ги запознале во нивните авантури во претходните години за подобро разбирање на претходно научените концепти и идеи, сето тоа низ процес на експериментирање, креирање и игра.